Галебот Џонатан Ливингстон (оригинален назив„ Johnatan Livingston Seagull„ ) не бил како другите галеби. Тој бил бунтовник и не се грижел за мислењето на другите галеби. И додека родителите го молеле да биде како другите галеби и да се грижи за храна, тој само сакал давежба виртуозно летање.
Тој бил тенок, летањето го сакал повеќе од храната. И покрај несреќите при летање, чувствувал помалку болка кога бил во воздухот и ги надминал стравот, гневот и здодевноста на своите браќа поради што живееле кратко. Со огромната вежба успеал да достигне брзина од 360 км / ч.

