-Црноризец Храбар (старословенски: Чръноризьць Храбръ) - анонимен средновековен писател од Преславската книжевна школа во првото Бугарско Царство. Псевдонимот Црноризец Храбар значи „храбар калуѓер“.
На потребата од словенски јазик авторот дава објаснение дека порано Словените немале книги, туку се служеле само со рески и цртички,потоа Бог се смилостил и го испратил Св.Константин филозоф, праведен, човекољубив, вистинољубив мисионер кој приготвил 38 букви според образецот на грчката азбука и според словенскиот јазик. Притоа како што грчката азбука започнува со „алфа“, така словенската започнува со „аз“, соодветно на тоа како што Грците ги направиле своите букви на основите на еврејските букви по примерот на значењето на „алфа“ како „учи се“ и така го примиле тоа „алфа“, соодветно и Словените го основале своето „аз“.
Кај словенските букви за да се отворат устите на децата при учење на „разумот преку буквите“ се користи првата буква „аз“. Некои се прашуваат зошто во словенската азбука има потреба од 38 букви кога може да се пишува и со помалку како во грчката збука со 24 букви, но тие не ги познавале уште 11 двогласки и три знака за броевите 6, 90 и 900 та се собираат 38 букви.
Авторот го завршува делото со тоа:„Има и други одговори и на друго место ќе ги кажеме зашто сега нема време… Таков разум браќа, им подари Бог на Словенците, Кому му припаѓа слава, чест и држава сега, порано и во сите векови, амин“.
Thursday, May 17, 2018
Tuesday, May 1, 2018
Антигона-Софокле
-Белешка за писателот:
Софокле е роден околу 495 година пр.н.е. а починал 406 година пр.н.е. Бил на висока државна функција, бил член на Стратешкиот совет заедно со познатиот легендарен Перикле. Се занимавал со дипломатија и со свештеничка служба, основал заедница на Музите на верска основа. Познати дела „Антигона“, „Електра“, „Цар Едип“, „Едип на Колон“, „Трахијки“ и „Филокрет“.
Антигона е драма напишана 441 година п.н.е. Тоа е еден вид ``трагедија,, која се случува во царскиот дворец во Грција-Тива, а се зборува за едно немоќно семејство кое ги прекшило правилата во општеството кој ги издал кралот.
Антигона е главниот лик во оваа драма каде нејзиниот брат починал, а трупот бил оставен надвор да го јадат птиците.Проблемот настанал откако Антигона покрај царската заповед, без разлика на последиците отишла да го закопа својот брат.Царот многу го налутило тоа и издал заповед Антигона да биде погубена, тука се вмешале и боговите, каде тие биле на страната на Антигона.
Сите останати освен царот на Тива ја гледале Антигона како храбра, совесна и чувствителна девојка која се
Софокле е роден околу 495 година пр.н.е. а починал 406 година пр.н.е. Бил на висока државна функција, бил член на Стратешкиот совет заедно со познатиот легендарен Перикле. Се занимавал со дипломатија и со свештеничка служба, основал заедница на Музите на верска основа. Познати дела „Антигона“, „Електра“, „Цар Едип“, „Едип на Колон“, „Трахијки“ и „Филокрет“.
Антигона е драма напишана 441 година п.н.е. Тоа е еден вид ``трагедија,, која се случува во царскиот дворец во Грција-Тива, а се зборува за едно немоќно семејство кое ги прекшило правилата во општеството кој ги издал кралот.
Антигона е главниот лик во оваа драма каде нејзиниот брат починал, а трупот бил оставен надвор да го јадат птиците.Проблемот настанал откако Антигона покрај царската заповед, без разлика на последиците отишла да го закопа својот брат.Царот многу го налутило тоа и издал заповед Антигона да биде погубена, тука се вмешале и боговите, каде тие биле на страната на Антигона.
Сите останати освен царот на Тива ја гледале Антигона како храбра, совесна и чувствителна девојка која се
Sunday, April 15, 2018
„Чорбаџи Теодос“ - Васил Иљоски
Васил Иљоски бил роден во Крушево, во 1902 година. Основното образование го завршил во градот Куманово. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејна столарска работилница. И покрај тоа што тој работел како занаетчија во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија, а кога завршил средно училиште се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во кумановската гимназија, но набрзо бил преместен - повеќе од казна - поради извесни обиди низ книжевните текстови да проговори на македонски јазик. По ослободувањето, Васил Иљоски извршувал неколку раководни функции во просветата: бил директор на Првата гимназија, работел во Народната библиотека, а потоа работел и се пензионирал како професор во Вишата педагошка академија во Скопје.
ПРВ ЧИН: Дејствието започнува во претсобјето на вториот кат на куќата на Чорбаџи Теодос. Параскева (Кева) неговата жена оди пополека на прсти за да не го разбуди чорбаџијата порано, уплашено сфаќа дека и часовникот застанал. Ги повикува своите слуги Наца и Спиро да го разбудат чорбаџијата, но и тие од страв одбиваат да го направат тоа. Рано изутрина стануваат сите членови освен доминантниот лик од кого сите се плашат и кого го очекуваат да се разбуди. Сцените изобилуваат со сатирични моменти кои ги претставуваат релациите во семејството и патријархалниот однос на помладите членови кои иако ги прифаќаат своите нови ставови сепак ги почитуваат благословите на постарите. На сите им е страв да го разбудат чорбаџијата дури и часовникот застанал сопирајќи го времето за да се разбуди доминантниот лик, глава на семејството, суровиот, ладниот со накострешени веѓи чорбаџи Теодос, од кого сите се плашат и не сакаат да го задеваат споредувајќи го со мечка која не смеат да ја чепкаат со сламка. Во куќата на чорбаџијата тогаш влегува Ефка да позборува за љубовта на Стојанка и Томче. Таа е тетка на Стојанка (убава и вредна но сиромашка девојка), која Томче, синот на Чорбаџи Теодос сака да ја земе за жена, а чорбаџијата пак не сака ни на слушне затоа што е ќерка на самарџија. Преку оваа појава односно со разговорот на Кева и Ефка се истакнува патријархалниот начин на живот во тоа време, тие се потсетуваат како на сила ги омажиле, па поради тоа сега не смеат да ја дозволат истата грешка со нивните вљубени деца. Но тој став не смеат директно да го искажат пред чорбаџијата и неговите патријархални, цврсти и непопустливи ставови. Теодос се разбудува и влегува во ноќна долга кошула со мрачно лице на кое никогаш не се јавува ведрина, со студен поглед, веќе разлутен што не го разбудиле, гледајќи дека нема никој како што редовно е при станувањето, да го пречека и да му служи, тој избувнува. Како човек од кој сите се плашат, намуртен кој никогаш не се смее, работи како лихвар и дава на вересија но кога ќе заврши рокот за враќање на долгот знае да биде суров. Го погледнува часовникот и гледа дека застанал, се облекува набрзина а потоа го пресретнува својот син единец - Томче кој го моли да даде благослов за љубовта кон Стојанка. Чорбаџијата почнува да вика по својата жена и слугите. Томче губејќи ја се повеќе храброста што ја беше собрал и уплашено, повторно се обидува да го услови својот татко. Но, Теодос не само што ја одбива неговата молба, дури и ја исмејува Стојанка.
ВТОР ЧИН: Вториот чин започнува со претставување на чистата и безусловна љубов преку разговорот на Томче и Стојанка која иако е силно заљубена, како и Томче се чувствува навредена и омаловажена. Таа со нејзиното женско лукавство го уценува Томче дека ако до вечер тој не одлучи дали ќе ја земе за жена, таа ќе се омажи за Иле за кого татко и е решен да ја даде , бидејќи и други момчиња ја посакуваат, а и не сака да се посрамоти пред светот. Арсо пак, умен и итар човек кој го загубил лозјето поради долгови кон чорбаџијата дадено под лихва како залог, не го губи своето ведро и пријатно расположение, смислува начин како да го задржи лозјето со итрина во која главен актер ќе биде чорбаџијата. Понатамошното дејствие се фокусира кон група Роми кои бараат кум за новороденото дете и како што е традицијата оној што прв ќе помине тој треба да им стане кум, бидејќи стариот кум починал. Арсо ги догледува Ромите и се смее со израз на симпатија. Смислува план како Теодос да стане цигански кум. Но, се појавуваат неколку пречки односно, пијаниот селанец го убедува да оди кај него дома за да му дадат газија и сол, иронично пак селанецот се запрашува кој дава такво нешто без пари или контрауслуга. Арсо се вади спрема селанецот дека сака да си ги искупи гревовите. Потоа поминува слугата на Теодос, Спиро кој Арсо на исто така тежок начин ќе го одврати од патот, му дава клуч од дома да го однесе божем го заборавил а не би било добро чорбаџијата да чека, со тоа сепак успева да му го одврати патот на Спиро. Тука конечно доаѓа Теодос и тргнуваат заедно на пат кон лозјето, Арсо наводно се сетил дека заборавил нешто на местото каде го чекал чорбаџијата. Теодос тогаш паѓа во замката на Арсо. Доаѓаат Ромите, Теодос се наоѓа во небрано, но никако не сака да прифати да им биде кум, но Арсо со помош на Поцко, Цонка и Ампо успева да го наговори Теодос да се согласи оти кумството не се одбива.
ТРЕТ ЧИН: Дејството во третиот чин се одвива во лозјето на Арсо под еден разгранет орев, а до него плиток бунар со камена ограда. Теодос ја проценувал вредноста на лозјето дадено како залог под лихва за парите кои Теодос му ги дал на Арсо. Таму доаѓаат Ефка и Стојанка. Арсо, со фалби за Стојанка се обидува да го премисли Теодос и да го одоброволи да ја прифати љубовта на сина си Томче со Стојанка. Таа пак му донела чаша вода на чорбаџијата, но тој ја навредува не прифаќајќи ја подадената чаша, иако Стојанка е исполнета со фалби дека е убава, вредна, брза, чиста и искрена девојка. Се слушнале свирки од далеку и се приближувале Ромите за да го развеселат новиот кум. Арсо ја гледа загриженоста и одвратноста на Теодосовото лице и уште за повеќе да го исмее го насамарува да се скрие во колипката полна со слама и болви. А потоа им дава знак на ромите за тоа каде е скриен чорбаџијата. Тие го наоѓаат а тој- кутриот од мака се заседнува и прво пие од нивните чаши, а потоа од заедничкото шише. Доаѓаат жените Параскева и Наца и не можеле да поверуваат во своите очи, тогаш Теодос се свеснува за ситуацијата и почнува да го негира кумството. Томче опијанет исто како и него решен на било кој начин да го добие неговиот благослов за Стојанка се осмелува да се закани со нож дека ќе се убие ако чорбаџијата не му даде благослов за Стојанка. Теодос, сосема очаен, како ромски кум и самарџиски зет не може да најде друг излез освен да ја прифати помошта на Арсо во замена за простување на лихвата и залогот за лозјето. Арсо му предлага на Теодос дека ако му дозволи на Томче да ја земе Стојанка , тогаш Арсо се понудува да го прифати кумството и да крштева и венчава ромски деца. Томче избезумен од среќа поради преголемата љубов кон Стојанка ја прифаќа спогодбата, во тој момент заедно со Стојанка ги бакнуваат рацете на Теодос и Параскева. Тврдокорниот чорбаџија попушта, му го опростува долгот на Арсо во кој залог е лозјето и дава благослов за љубовта на Томче и Стојанка. Сите се фаќаат на оро и весело играат со среќна завршница за младите.
Thursday, March 8, 2018
„Силјан штркот“ - Марко Цепенков
Марко Цепенков е еден од оние луѓе што ја чинат гордоста на Прилеп и заслугите на кои „треба вечно да се споменуваат од секој прилепчанец“. Цепенков зад себе оставил обемна и богата збирка од народни умотворби и белешки од различни страни на народниот живот. Неговата автобиографија не е сеуште никаде испечатена, најмногу за него е кажано во еден краток некролог од три страни напишано од А.П.Стоилов во „Известија на народнија етнографски музеј“ во Софија (1921). Семејството на Цепенков било дојдено во Прилеп од блиското село Ореовец, самиот Марко се родил во Крушово 1829 година. До 15 години живеел при татка си Коста. Писменоста Марко ја стекнал во грчки ќелијни училишта, а во 1844 година кога се доселил во Прилеп учел две години кај Хаџи поп Константин Динков. Во 1856 година во Прилеп дошол како учител Димитар Миладинов. Како што кажува самиот Марко, почнал да го собира народното творештво под непосредно влијание на Димитар Миладинов, резултатите од својата триесетгодишна работа можел да ги покажува постепено дури во 1889 година, зафаќајќи се со културно разбудување на народот иако бил скромен прилепски терзија кој долги години го користел перото. Умира скоро заборавен на 29.12.1920 година во Софија.
Приказната започнува како во село Мало Коњари имало еден човек многу чесен и кроток, по име Божин. Тој имал само еден син по име Силјан и една ќерка по име Босилка. Силјан бил многу гален и од татка си и од мајка си , бидејќи од многу синовина Божин само Силјан останал жив, поради тоа бил многу гален и го ожениле уште на шеснаесет години, а на седумнаесетте години му се родило на Силјана едно машко кое го викале Велко.
Приказната започнува како во село Мало Коњари имало еден човек многу чесен и кроток, по име Божин. Тој имал само еден син по име Силјан и една ќерка по име Босилка. Силјан бил многу гален и од татка си и од мајка си , бидејќи од многу синовина Божин само Силјан останал жив, поради тоа бил многу гален и го ожениле уште на шеснаесет години, а на седумнаесетте години му се родило на Силјана едно машко кое го викале Велко.
Некој пат кога одел на пазар, ако му се нашле повеќе пари, два-три дни не си идел ни во најсилната работа дома.
Татко му го карал дека се забавил во град и не идел да му помага во работата, арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, воопшто не го слушалтатка си и мајка си, слично како да не се настрви пес на касапница, после мачно е да се одучи. Многупати татко му го поучувал со кротко, до колку знаелсиромав Божин, и многу примери му носел да се тргне Силјан од тој пусти ајљазлак.
Додека го учел Божин сина си, си велел сам со себе Силјан, „дури да си појдам в град, ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи во град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните“.
На ден Пантелејмон штрковите си отишле во својата земја здрави и живи како што сакал Господин Бог.
Како што првиот пат што иделе, вториот пат Силјан го врзал шишенцето посигурно да не се скрши, по патот ги нападнале орли биле тукуречи и тие на број колку штрковите. Три дни и три ноќи се тепале орлите и штрковите. Крв до колена се беше направиле. Силјан во бојот никако не зел учество, бидејќи Аџијата го имал покрај себе и бидејќи му бил гостин не го внесол во бојот. Радосни штрковите си тргнале и си се упатиле секој род и фамилија за својот вилает, а Силјан со Аџиовци си долетал во село Коњари здрав и жив.
Силјан на селаните како приказна, почнал да им кажува што патил дома додека бил штрк и што видел и што сторил. Раскажал за Велко кога за малку ќе го удавел, за кучката која ќе го опердашела, за воловите кога орал и го удрил Божин со остенот и за да му поверуваат,приказната ја завршил за ѓерданчето и преѓата со игла кои ги скрил на таванот на куќата. Сите тогаш му поверувале за неговите страдања. Од тој момент веќе Силјан се променил, бил работлив, јуначки се справувал со летната жега, вршидба и селките работи. Ете така му ја раскажал таткото на Марко приказната која и нему прадедовците му ја раскажувале како легенда за Силјан Штркот од колено на колено.
Sunday, February 11, 2018
Прва љубов-Иван С.Тургенев
Белешка за писателот:
Сцена:
Владимир при прошетката во доцните часови случајно ја здогледува Зиничка на која и се приближува машка особа. Владимир за миг помислува дека тоа е неговиот ривал Мајданов, но откако се приближил, целиот се потресол откако го здогледал неговиот татко кој ја држи Зиничка во својата прегратка. Тој почувствувал голема омраза кон неговиот татко.
Прва љубов е со посвета на П.В.Аненков:
На една вечерна средба на Сергеј Николаевич и Владимир Петрович почнало да се зборува за првата љубов, а Владимир кој бил 40 години откако се вратил дома го запишал во својата тетратка бидејки имало многу за кажување и за две недели покажал на својте другари.
Петре Василевич е женет за 10 години постарата Марија Николаевна,тој немал никакви чувства кон неа,бил заљубен во соседката Зиничка(доселеничката во нивното маало). Тие имале син по име Владимир Петрович. Владимир на 16 годишна возраст се заљубил во љубовницата на неговиот татко Зиничка за која незнаел никој во семејството, па затоа Марија често била нервозна поради доцневните излегувања на нејзиниот маж.
Владимир имал многу лоши чувства кон неговиот татко откако дознал за неговата љубов кон Зиночка.
Иван Сергеевич Тургенев (1818-1883)
е руски
пиател и еден од најзначајните претставници на рускиот реализам.Неговите дела
извршиле големо влијание врз новелистиката.
Сцена:
Владимир при прошетката во доцните часови случајно ја здогледува Зиничка на која и се приближува машка особа. Владимир за миг помислува дека тоа е неговиот ривал Мајданов, но откако се приближил, целиот се потресол откако го здогледал неговиот татко кој ја држи Зиничка во својата прегратка. Тој почувствувал голема омраза кон неговиот татко.
Прва љубов е со посвета на П.В.Аненков:
На една вечерна средба на Сергеј Николаевич и Владимир Петрович почнало да се зборува за првата љубов, а Владимир кој бил 40 години откако се вратил дома го запишал во својата тетратка бидејки имало многу за кажување и за две недели покажал на својте другари.
Петре Василевич е женет за 10 години постарата Марија Николаевна,тој немал никакви чувства кон неа,бил заљубен во соседката Зиничка(доселеничката во нивното маало). Тие имале син по име Владимир Петрович. Владимир на 16 годишна возраст се заљубил во љубовницата на неговиот татко Зиничка за која незнаел никој во семејството, па затоа Марија често била нервозна поради доцневните излегувања на нејзиниот маж.
Владимир имал многу лоши чувства кон неговиот татко откако дознал за неговата љубов кон Зиночка.
Subscribe to:
Comments (Atom)




