Friday, November 17, 2017

,,Повикот на дивината"-Џек Лондон

                   Во Повикот на дивината се зборува главно за животот на едно сирото куче Бак кое според мене е статичен лик бидејки тој е сепак куче кое било украдено и нема свој права туку има повеќе газди кој му наредуваат што да прави.
                   Во однос на местото на неговото родно место од планината кадешто служи на некој луѓе е многу полошо бидејки наместо да си игра и да ужива ,тој е како роб. Најпрво овој лик го гледаат непријателски но потоа се повеќе го дружат и Бак станува главен.Бак знае кој му се вистински пријатели а кој непријатели кој сакаат да го уништат,доста е комплексен бидејки тој кога ке направи некоја грешка ја согледува и работи на тоа да не ја повтори таа грешка,доста е разумен и помислува пред да направи нешто.Бак го гледа својот свет како многу тешко место кадешто ги мачат сите негови пријатели да работат за некои туѓи интереси.
                  Бак се труди за да остане жив и неговата најголема желба е да се вратат времињата кога си седел во неговата родна куќа и да го замени местото на неговиот татко да биде најдобар другар на судијата.
  

No comments:

Post a Comment