Wednesday, October 18, 2017

,,Сердарот'' - Григор Прличев

Григор Прличев (1830/31-1893) е роден во Охрид, во сиромашно семејство. Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз мајка му. Неговиот дедо го научил да чита уште на четиригодишна возраст од некој стар грчки буквар. Мајка му и сестра му аргатувале по куќи, а тој продавал јајца, им давал часови на богаташките деца и препишувал книги.Григор се школувал во Атина, поточно 1850 година се запишал на Медицинскиот факултет што никогаш не го завршил, тој всушност и не ја сакал многу медицината, но тогаш за првпат дознал за конкурсот за поема. По 10 години се вратил во Атина, да ги продолжи студиите, а всушност да се пријави на конкурсот.
   Ликови:

Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како – љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели – пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност – носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.
Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов
Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра – гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата – да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
Композиција:
Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци.Има вкрстена рима, во вториот и четвртиот стих е машка,а во првиот и третиот стих е женска.
Кратка содржина:
 Поемата започнува со претчувството на Неда, мајката на Кузман, нејзиното сновидение за паѓање на гредите на родната куќа во пепел, што наговестувало тажни вести  поради што го ставила котелот на оган да  стопли вода, за да го измие телото на својот непрежален син. Сонот и претчувстата се исполнуваат, Кузмановото тело е пред мајката, донесено од четворицата преживеани Албанци. Таа не може да биде задоволна од албанскиот збор дека само нејзината куќа ќе биде почитувана, нејзиното срце е отворено за целиот несреќен народ.Тажно е што ја остава вереницата Марија како  вдовица после размената на прстените со Кузман, преку кој чин требало да се пренесе крвта на единствениот Недин наследник.И сето тоа завршува со тажен спомен на опис на Кузмановиот гроб.





















No comments:

Post a Comment