Saturday, December 23, 2017

„Галебот Џонатан Ливингстон“-Ричард Бах

Ричард Бах (Richard Bachроден на 23 Јуни 1936 во Оак Парк, Илиноис) - американски писател,книжевник, прозаист, филозоф, есеист и авијатичар. Тој го изнесувал ставот дека физичкото ограничување и смртноста на човечките суштества се најобична илузија, за себе си се сметал дека е потомок на Johann  Sebastian Bach.

Галебот Џонатан Ливингстон (оригинален назив„ Johnatan Livingston Seagull ) не бил како другите галеби.   Тој бил бунтовник и не се грижел за  мислењето на другите галебиИ додека родителите го молеле да биде како другите галеби и да се грижи за хранатој само сакал давежба виртуозно летање.
                 Тој бил теноклетањето                                        го сакал  повеќе од хранатаИ покрај несреќите при летање, чувствувал помалку болка кога бил  во воздухот и ги надминал стравот, гневот и здодевноста на своите браќа поради што живееле кратко.                               Со огромната вежба успеал да достигне брзина од 360 км / ч.

Tuesday, December 19, 2017

Бескрајна приказна

Оваа книга е напишана од Миџаел Енде.Книгата е целосно со фантазија.Се зборува за едно осамено и тажно дете кое се викало Бастијан Балтазар Букс, сите го омаловажуваат,никаде не е успешен ,не е добар во училиште ,во спортот,ама многу сака да чита книги.Еден ден тој влегол во една книжарница каде продавачот  се однесувал многу лошо кон него и детето воочило дека има нешто во таа книга која ја читач тој и му ја украл и отишол на таванот на учичиштето каде почнал да ја чита.Се покрива со топло ќебе и се занесува во книгата со корица со две змии,,Бескрајна приказна".Проказната почнува кога детската царица паднала многу болна во култура на слоновата коска.Се барал доктор.Кентаурот Каирон(со глава на човек и тело на коњ) предложил медаљонот на царицата Аурин да го доделат на трагачот Атреј во Треновото море зад Сребрените планини .Таа живеела позади три врати.Ујулала кажала дека само дете од реалниот свет кое ќе влезе в фантазијата може да и даде ново име на Детската царица и да ја спаси неа.Поговорот на оваа книга би бил дека само ако ги именуваме поимите во нашата фантазија тие и ќе постојат,тие ќе создаваат нови бескрајни приказни,но во тие приказни ако го заборавиме своето име секогаш ќе не оставаат во фантазија доволно е да бидеме свесни и да се вратиме во реалноста зошто медалјонот на Аурин го донесува волшебството и на овој свет преку ,,Водата на животот". 

Thursday, November 30, 2017

Шагринска кожа

Шагринска кожа (францускиLa Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург Оноре де Балзак (1799–1850), издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен со моќ да ја исполни секоја негова желба.Според мене оваа книга е една од подобрите книги на објаснување на спојот на материјалното и духовното и вечната борба на докажување на вредноста на духовното над материјалното богатство.

Рафаел и неговата игра на судбина од раѓањето преку осамениот филозофски живот на писател кој сонува за „топол женски поглед“ се до моментот на желбата за самоубиство во „матната “и „ладната“ Сена, ја истакнува искрата надеж кај младото момче при посетата на старинарницата и средбата со „кожата од диво магаре од Шагри“.Впечатливо е размислувањето на старецот кој му вели дека момчето е најбогато на свет кога ги поседува сите желби и соништа во својот мозок и се додека е така „потребата“ и „нагонот“ нема да му ги уништат органите, во спротивно животот ќе му се смалува како што ќе се смалува обемот на шагринот. Рафаел го достигнува дното, влегува во светот на луѓето со испиени и избледени лица, изгубени надежи, мрачна ладнокрвност во коцкарниците на „Пале-Роајал“. 


Ниеден доктор, научник, биолог, археолог не можел да ја издолжи кожата и со тоа да го пролонгира животот на Рафаел посебно кога ја пронашол љубовта на убавата Полина која несебично му ја пружила својата љубов и ја превзела вината за изгубената младост и убавина пропратена со духовно и животно пропаѓање на Рафаел.Таа со сите сили се обидела да го утеши Рафаел дека ладната, себична и разочарана Федора негувана од слугинката Жистина, не ја заслужува љубовта на Рафаел кој бил магепсан од нејзината грациозност, убавина и нежност која пак ладно ќе го одбие поради разочарувањето од минатото. Единствено таа неостварена желба и желбата да го сака Полина нема да ја скратат кожата но нема да му дадат право да очекува возвратена љубов поради тенката кожа која си го зела својот данок од неговите материјални желби.


 Во конечниот миг Рафаел со крајни сили успева да ја спаси Полина од самоубиство со бесење со нејзиниот шал, последната желба да ја спаси го жртвува неговиот живот, паѓа мртов на нејзините раце која не го предава телото на слугата Жонатас велејќи дека „ја предвидела неговата смрт“. Епилогот е олицетворение на трансформацијата на душата на Рафаел како шета за рака со Полина, додека Федора и понатаму останува јалова, бездушна и сурова.

Friday, November 17, 2017

,,Повикот на дивината"-Џек Лондон

                   Во Повикот на дивината се зборува главно за животот на едно сирото куче Бак кое според мене е статичен лик бидејки тој е сепак куче кое било украдено и нема свој права туку има повеќе газди кој му наредуваат што да прави.
                   Во однос на местото на неговото родно место од планината кадешто служи на некој луѓе е многу полошо бидејки наместо да си игра и да ужива ,тој е како роб. Најпрво овој лик го гледаат непријателски но потоа се повеќе го дружат и Бак станува главен.Бак знае кој му се вистински пријатели а кој непријатели кој сакаат да го уништат,доста е комплексен бидејки тој кога ке направи некоја грешка ја согледува и работи на тоа да не ја повтори таа грешка,доста е разумен и помислува пред да направи нешто.Бак го гледа својот свет како многу тешко место кадешто ги мачат сите негови пријатели да работат за некои туѓи интереси.
                  Бак се труди за да остане жив и неговата најголема желба е да се вратат времињата кога си седел во неговата родна куќа и да го замени местото на неговиот татко да биде најдобар другар на судијата.
  

Tuesday, October 31, 2017

Панонски легенди

                    Панонските легенди се вид црковна литература што се случува во периодот на средниот век кој сите христијански народи.Тие претставуваат едно од најстарите дела на словенската книжевност во која се опишува животот на браќата Кирил и Методиј.
                    Во Панонските легенди има две житја:Житијето на Св.Кирил и Житијето на Св.Методиј.
                    Во Житијето на Кирил е опишан животот во нековите детски години,потоа неговата желба за школувањето и неговата посветеност на науката.Се вратвотил во библиотеката света Софија и неговите мисии.
                    Во житијето на Методиј нема податоци за неговото детство и не се знае неговото вистинско име.Методиј бил управиел на една словенска област каде го добил неговото свештенско име.Тој учествувал во две мисии заедно со брат му и преведувал богослужни книги.
                    Кирил и Методиј се бореле за да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик,писменост и култура.

Wednesday, October 18, 2017

,,Сердарот'' - Григор Прличев

Григор Прличев (1830/31-1893) е роден во Охрид, во сиромашно семејство. Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз мајка му. Неговиот дедо го научил да чита уште на четиригодишна возраст од некој стар грчки буквар. Мајка му и сестра му аргатувале по куќи, а тој продавал јајца, им давал часови на богаташките деца и препишувал книги.Григор се школувал во Атина, поточно 1850 година се запишал на Медицинскиот факултет што никогаш не го завршил, тој всушност и не ја сакал многу медицината, но тогаш за првпат дознал за конкурсот за поема. По 10 години се вратил во Атина, да ги продолжи студиите, а всушност да се пријави на конкурсот.
   Ликови:

Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како – љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели – пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност – носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.
Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов
Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра – гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата – да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
Композиција:
Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци.Има вкрстена рима, во вториот и четвртиот стих е машка,а во првиот и третиот стих е женска.
Кратка содржина:
 Поемата започнува со претчувството на Неда, мајката на Кузман, нејзиното сновидение за паѓање на гредите на родната куќа во пепел, што наговестувало тажни вести  поради што го ставила котелот на оган да  стопли вода, за да го измие телото на својот непрежален син. Сонот и претчувстата се исполнуваат, Кузмановото тело е пред мајката, донесено од четворицата преживеани Албанци. Таа не може да биде задоволна од албанскиот збор дека само нејзината куќа ќе биде почитувана, нејзиното срце е отворено за целиот несреќен народ.Тажно е што ја остава вереницата Марија како  вдовица после размената на прстените со Кузман, преку кој чин требало да се пренесе крвта на единствениот Недин наследник.И сето тоа завршува со тажен спомен на опис на Кузмановиот гроб.





















Monday, October 2, 2017

,,Илијада"-Хомер

                       Содржина:             
              Градот Троја бил доста привлечлив за Ахајците,поради својот капитал.Па затоа Ахајците со војна сакале да им го земат златото.  Во почетокот на војната Ахајците победувале,но откако Агамемнон(водичот на Ахајците) и  Ахил (најсилниот воин од страна на Ахајците) се скарале поради тоа што на Ахил му била одземена робинката Брисеида, Ахил се откажал од војната оставајки ги Ахајцие да губат.
                     Ахил му ја дал својата опрема (оружје, штит, меч) на својот најблизок пријател Патроколо за да оди на двобој со Хектор наместо Ахил.Патроколо бил убиен многу лесно.Откако Ахил дознал дека го убиле неговиот пријател се вратил во војната за да му се одмазди на Хектор,кој откако го видел почнал да трча,Ахил го стигнал и го убил и за да биде полоша одмаздата го врзал за коњ и свртел 2 круга околу Троја. Неговото тело било пред распаѓање.Таткото на Хектор отишол кај Ахил за да му го побара телото на својот син.Ахил се умилкувал и ја преќинал војната за 16 дена за со сите свечености да се погребе телото на Хектор. По некое време Ахил бил убиен од страна на Парис во двобој.
                     Војната завршила со итрината на Менелај(братот на Агамемнон) со тројанскиот коњ,влегол во тврдините на градот Троја и вечерта кога излегле војниците од тројанскот коњ го нападнале , ограбиле и запалиле градот троја.


Sunday, March 26, 2017

Биографија (колаборативната работа) за Блаже Конески

            Задачата која ни беше зададена од наставничката Влаентина ,јас мислам дека нашата група која ја сочинуваат јас Симеон Чаушевски,Давид Трајчевски и Зоран Савевски солидно си ја завршивме работата, 
            Но Зоран не беше присутен додека јас и Давид го правевме проектот ,дури и кога му дадовме да научи еден дел ,тој рече дека несака да       учи и моравме во училиште да го убедуваме да научи една реченица од неговиот дел ,а останатото јас и Давид моравме да  го научиме,ситуацијата беше многу напната бидејќи ние не знаевме дека Зоран нема да го научи својот дел,и токму затоа јас во иднина не сакам да соработувам со Зоран, иако сами си ја формиравме групата,сепак згрешивме и ова ке ни биде поука за нареден пат.
              Во оваа групна работа јас и Давид подобро се здруивме и се забавувавме додека го правевме проектот и мислам дека ваквите колаборативни задачи се подобри за нас и полесни отколку сами да правиме некој проект.
              Јас искрено се искажав ,без разлика дали ова се оценува ,сепак треба сите убаво да си се искажат бидејки ова е наменето токму за тоа.
              -Со почит ,Симеон :)
              

Дали времето во коешто живеам е најдоброто за младите од мојата генерација

                Јас мислам дека во овој период луѓето неможат да живеат без телефони,телевизори,таблети ,а пак пред да излезат овие, беше подобро да се живее ,бидејќи во тоа време децата играле надвор наместо сега по цел ден на телефони и компјутери.
                Дури и јас си признавам дека во мојот дом многу се користат телефони ,телевизори и компјутери, и за кратко време да го нема компјутерот нема да можеме без него и нема да имаме што да правиме,па нема ни да ни текне да прочитаме нешто за училиште , туку ќе пробаме некако да се снајдеме да ни се врати компјутерот.
                Токму проади овие причини свесен сум дека и јас некогаш претерувам со комјутерите и телефоните и мислам дека ова време во коешто живееме не е најдобро за младите од мојата генерација.


Sunday, February 26, 2017

Времеплов Х.Џ.Велс

                 
                                      Во колоборативната работа на нашата група солидно си ја завршивме табелата која ни беше зададена од страна на наставникот по македонски јазик.Групата ја сочинуваат Марија Саздовска,Давид Богоевски и јас,Симеон Чаушевски.
                                     Откако нашиот лидер ни го прати линкот за обработката на зададената задача во која требаше да истражиме од лектирата Времеплов настани,ликови,судири/проблеми и чувства,ние се подредивме кој за што ке работи. мојата задача беше да ги напишам последните четири настани и судири/проблеми.Јас сметам дека солидно си ја завршив мојата работа и дека во иднина би требало да добиеме солидни резултати.


Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Четвртата димензија ( времето) и машината за патување низ иднината ( Се одржува состанок во клубот, каде што тој зборува дека постои четврта димензија во просторот, а таа димензија е времето. Воедно ја покажува и машината за патување низ иднината, но никој не верува во неговите зборови.)
  • Времепловецот: умен господин, кој зборува дека постои четвртата димензија, и верува во тоа што зборува иако никој не го поддржува
    - г. Филби- има црвена коса и е верен пријател на времепловецот
Времепловецот немал поддршка ,сите му се потсмевале кога им спомнал дека постои четврта димензија за патување низ времето.
Времепловецот: Возбуда, сакајки да им објасни на присутните за што всушност зборува
Гостите ( Филби, лекарот,психологот, млад човек, општински претседател) : љубопитство ( сакаат да дознаат за што всушност се работи и која е целта на времепловецот) неверување ( неможат да поверуваат во тоа што го зборува времепловецот, дека направил, машина за патување низ времето)
  1. Патувањето низ иднината ( по неколку дена повторно се одржува состанок на кој биле присутни времепловецот, лекарот, Филби, новинарот. Времепловецот се враќа во многу лоша состојба која ги изненадува сите.)
  • Времепловецот: се враќа извалкан, искинат. Зборува чудни работи на кои никој не му верува.
    - г. Бленк- издавач
    - еден тивок и брадест човек
    - новинарот
Откако влегол Времепловецот сите почнале да му завидуваат,довербата во него се повеќе се зголемувала.
Гостите ( Филби, лекарот, новинарот,психологот, г. Бленк, брадест човек) зачуденост- времепловецот влегува во собата валкан и искинат и сите се зачудени поради неговата состојба-, љубопитство- сите ги интересира што всушност се случило.
Времепловецот: олеснување дека се вратил дома
  1. Пристигнување во иднината ( Времепловецот тргнува во новиот свет. Иако машината не е стабилна, сепак тој издржува и не се плашел. Кога пристигнал, наоколу имало зеленило и падини. Новиот свет навистина му се допаѓал.)
Времепловецот: умрен од патувањето, но и воодушевен од свјата временска машина. Ги покажува своите чувства кон убавината и новиот свет. Непријатните чувства му се претвараат во хистерична веселост и возбуда.
Времепловецот не се откажувал од неговата машина и продолжил со патувањата,сакал да им докаже на луѓето дека сето тоа што го зборувал е вистина
Времепловецот: изненаденост- доаѓа во сосем нов свет, изненаден е од тоа како изгледа светот во иднината , љубопитство- сака да дознае повеќе, да истражи
  1. Времепловецот се запознава со луѓето од иднината ( Набргу по пристигањето, времепловецот се соочува со луѓето од иднината. Тие биле многу дружељубиви и фини, имале кадрава коса и биле прилично ниски.)
Малото суштество: косата им била кадрава,ушите премногу мали, брадите шилести, а нивните очи биле големи со нежен поглед. Јазикот на кој зборувале меѓусебе бил милозвучен и наликувал на птичја песна.
Времепловецот не го разбира јазикот на луѓето во иднината но се обидува да го научи
Времепловецот: љубопитство- ги запознава луѓето од идинината, чудни му се, сака да го заучи нивниот јазик
Елоите: зачудени бидејќи доаѓа суштество кое е сосем различно од нив.
  1. Времепловот е изгубен ( Додека времепловецот го запознава новиот свет, некој го краде времепловот. Времепловецот е нервозен и испаничен. Насекаде бара. Настанува хаос. Но тоа му дава подобро да го запознае новиот свет. Наскоро ја запознава Вина, која му станува најдобра пријателка.)
  • Вина: мало нежно суштество кое му подарува цвет на времепловецот, во знак на благодарност. Пријателството траело една недела.
    - времепловецот: исплашен дека можеби го изгубил своето време, и дека беспомошен ќе остане во тој нов чуден свет.
Времепловецот е доста нервозен ,бидејки времепловот е украден.
Времепловецот: испаниченост, нервоза поради то што го нема времепловот, а доколку не го најде нема да може да се врати назад.
Вина: љубов кон времепловецот бидејќи ја спасил од давење.
  1. Морлоци ( Убеден дека неговиот времеплов се наоѓа во еден од подземните тунели, времепловецот тргнува по потрага во него. По влегувањето во тунелот тој ги забележува непознати суштества, Морлоци. Тие живеат подземја и не гледаат на светлина. Тие го забележуваат времепловецот во тунелот и го бркаат. Тој едвај се спасува.)
  • Морлоците: имаат избледена боја на кожа како мртвите тела во зоолошките градини.
    - времепловецот: не се чувствува добро, бидејќи го мачеле разни сомнежи. Вознемиреноста и чувството на несигурност го терале да продолжи подалеку во своите истражувања.
Времепловецот не може да го најде излеот од тунелот во кој се изгубил
Времепловецот:
Неизвесност, незнае дали ќе го најде времепловот, незнае што може да има внатре во тунелот.

Љубопитство, сака да дознае кои се суштествата кои ги сретнува во тунелот.

Страв, бидејќи го бркаат Морлоците.
Вина: преплашена бидејќи времепловецот оди во тунелот.
  1. Времепловецот бара засолниште од Морлоците ( Преплашен од помислата дека Морлоците ќе го нападнат, Времепловецот заедно со Вина тргнува во потрага по засолниште. Тој се упатува кон палатата од зелен порцелан.)
  • Времепловецот: сеќавајки се на високите врвови и на зелената палата од порцела, ја земал Вина и ја ставил на рамо и тргнале натаму.
    Вина: била радосна барајќи да ја спушти на земјаза да бере цвеќиња и да ги става во неговиот џеб. Времепловецот и ги покажува врвовите на зелената палата каде што ќе бараат засолниште.
Времепловецот сеуште не може да го најде излезот од тунелот
Времепловецот: страв од Морлоците
  1. Во палатата од зелен порцелан ( По долгиот пат, Времепловецот конечо пристигнува во палатата од зелен порцелан. Набргу сфаќа дека тоа всушност претставувало музеј. Разгледувајќи ги  на собите, времепловецот наоѓа и неколку потребни работи. Тој заедно со Вина решаваат да се вратат назад.)
  • Времепловецот: пресреќен дека пристигаат во палатата. Наоѓа многу потребни работи.
    - Вина: сосема е смиренаи не се плаши.
Времепловецот бил доста возбуден откако ги видел тие чудни работи во палатата
Времепловецот: љубопитство, сака да разгледа што се има во зградата, да пребара и да најде дали има некои потребни работи.

Вина: љубопитство, бидејќи гледа нови и интересни работи
Страв, бидејќи мисли дека ќе ги нападнат Морлоците кога ќе се стемни.
  1. Времепловецот се бори со Морлоците ( Откако ќе собере материјали од палатата, времепловецот и Вина тргнуваат да се вратат назад. Но во шумата, иако Времепловецот бил претпазлив, сепак ги напаѓаат Морлоците. Во таа битка, Времепловецот ја губи вина.)
  • Времепловецот- истоштен и изморен решава да се враќаат назад. Загрижен е да не ги нападнат Морлоците.
    - Вина: Уморнане сакала да оди понатаму, бидејки се плашела од Морлоците
    - Морлоци: Џагор и движење на големата толпа морлоци. Во шумата владее тишина а тие со лепливите раце им се доближуваат на Вина и времепловецот.
Времепловецот и вина додека биле во шумата незнаејќи дека се оддалечуваат еден од друг,тие се изгубиле
Времепловецот: страв, бидејќи може да го нападнат Морлоците неизвесност, незнае од која страна ќе нападнат, незнае кога ќе излезат од шумата.
Вина: страв од Морлоците.
  1. Времепловот е пронајден (Времепловецот се враќа назад и преспива на истото место каде што пристигнал. Другиот ден, со лостот во рака, се упатува кај сфингата сакајќи да отвори една од плочите каде што мисли дека се наоѓа времепловот. Во тунелот под таа плоча го пронаоѓа времепловот, но забележува дека таму се Морлоците. Брзо ја мести рачката и тргнува.)
  • Времепловецот: возбуден и среќен бидејќи е пронајден времепловот.Тој успева да избега.
    - морлоците: сакаат одмазда и повторно го напаѓаат времепловецот.
Времепловецот оди каде што мисли дека ќе ја најде машината за да се врати во својот роден крај
Времепловецот: среќа,бидејќи го наоѓа времепловот
Возбуда, бидејќи ќе се врати дома.
  1. Продолжување кон иднината ( Во целата збрка со Морлоците, со цел побргу да избега, времепловецот ја крева рачката горе и патува подалеку во иднината. Доаѓа во свет каде што животот скоро не изумрел, и набрзина ја притиска рачката надолу и се враќа во минатото.
  • Времепловецот: исплашен и зачуден од новиот свет во кој доаѓа
    - џиновски рак- со долг пипала, како камшици, бавно се движи, рапав грб со израстоци,очи како метал мазна глава.
Времепловецот сеуште не се откажува од патувањата кон иднината
Времепловецот:изненаденост, бидејќи гледа свет без луѓе, свет во кој животот само што не згаснал.